Top Sport

Вујовиќ спогодбено се раздели со Вардар 1961

Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на ракометарите на Вардар 1961. Вујовиќ и клубот спогодбено го раскинале договоорт.

Вујовиќ го плати цехот за лошите резултати на Вардар 1961. Клубот се наоѓа во серија од седум порази во Лигата на шампионите, а во домашното првенство доживеаја пораз од Еурофарм Пелистер 2.

До именувањето на новиот тренер, Вардар 1961 ќе го предводи помошникот на Вујовиќ, Владо Недановски.

За Војувиќ ова беше трет мандата на клупата на црвено-црните, претходно го предводеше клубот од 2006 до 200 и од 2011 до 2013 година.

Фото/facebook.com/rkvardar

Scroll to Top