Вардар нема да има можност да се бори за титулата во СЕХА лигата и покрај тоа што на теренот, преку Загреб, избори пласман на завршниот турнир.
СЕХА го елиминираше Вардар, поради позитивен тест на коронавирусот, на голманот Борко Ристовски.
„Срамна одлука. Рекоа дека само Бороко е позитивен и дека за седум играчи не поминале 14 дена од примената втора доза на вакцината. Не ни дозволија да го повториме тестот. Сите имаме ПЦР тестови. Баравме повторно да бидеме тестирани. Не ни дозволија да одиме во Задар ни си 11 играчи, со оние кои имаат потврда за вакццинација“, изјавил тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ за „Спортски журнал“.
Завршниот турнир во СЕХА лигата ќе започне утре во Задар. Наместо Вардар на турнирот ќе настапи Загреб.
Фото/ rkvardar.mk