Top Sport

Вујовиќ стана селектор на Иран

Поранешниот тренер на РК Вардар, Веселин Вујовиќ не остана долго време без работа, откако за „Спортклуб“ потврди дека е нов селектор на репрезентацијата на Иран.

Иран ќе биде четврта репрезентација со која работел црногорскиот стручњак, откако претходно беше селектор на Србија и Црна Гора, Македонија и Словенија, со која имаше најголем успех освојувајќи го третото место на СП во 2017 година.

Неговите обврски почнуваат во април, а најголемиот предизвик е вториот настап на Иран на Светските првенства во 2023 во Полска и Шведска.

Scroll to Top