Top Sport

Вујовиќ: Во Сегедин да ја прекинеме лошата серија

По ЕХФ паузата, неделава продолжуваат возбудувањата во ракометната Лига на шампиони. Вардар 1961, во седмото коло, ќе му гостува на Пик Сегед.

По добриот почеток на сезоната, две победи и еден нерешен резултат, во првите три кола, црвено-црните влегоа во серија од три порази (Монпелје, Алборг, Кил). Веселин Вујовиќ и неговите избраници излез од лошата серија ќе бараат во Унгарија.

„Пик Сегед е еден од најдобрите тимови во Европа. За нас ова е како бараж, играме таму, а по една недела ќе се сретнеме со истиот противник во Скопје. Мораме да ја прекинеме серијата порази. Треба да се подготвиме и да одиграме храбро. Вардар по традиција игра добро во Сегендин, се надевам дека и овој пат ќе биде така“, изјави тренерот Веселин Вујовиќ.

Вардар 1961 во Сегедин гостува в четврток, од 18.45 часот.

Фото/rkvardar.mk

Scroll to Top