Македонската ракометна репрезентација, засега, нема одговор за нападот на Хрватска во третиот меч на Светското првенство во Германија и Данска, што резултира во водство на „коцкестите“ од 16:11 на полувремето од третиот меч за нашата репрезентација во Минхен.
Ако во нападот играме солидно против опасната хрватска репрезентација, повторно во одбраната сме на недоволно ниво, дозволувајќи премногу голови од тимот на Лино Червар, кои во исто време го имаат фантастичниот Мартин Шего на голот. Во интересната игра на двајцата тренери честопати без голман, Македонија успеа да постигне три гола во брза реакција.
Разликата не е недостижна, меѓутоа во второто полувреме ќе мора да се крене нивото, посебно во одбраната.
Игор Карачиќ имаше четири гола, додека Домагој Дувњак ни даде три незапирливи голови,, додека во нашата репрезентација најдобар на теренот е Дејан Манасков со четири гола, додека капитенот Кирил Лазаров е на само два гола, колку што има и Филип Талески.
Фото: ЕПА