Top Sport

Борусија верува дека најде нов талент во Аргентинецот Балерди

Членот на аргентинската младинска репрезентација, Леонардо Балерди потпиша долгогодишен договор со Борусија Дортмунд, завршувајќи ја долгата соработка со јужноамериканскиот гигант Бока јуниорс.

Според аргентинските медиуми, Дортмунд ќе плати 15 милиони евра за дефанзивецот, а Бока може да добие уште 2 милиони евра во бонуси.

19-годишниот Балерди  е продукт на младинската школа на Бока, пред во 2018 година да добие шанса во првиот тим. Оттогаш тој настапи во пет дуели од Примера дивизион во Аргентина, предизвикувајќи го интересот на Дортмунд.

Тинејџерот во БВБ ќе биде „замена“ за Мануел Аканџи, кој во моментов е повреден. Борусија се обидува да ја освои првата германска титула од 2012 година.

Scroll to Top