Најдобрата романска ракометарка Кристина Неагу го заврши својот настап на Европското првенство во Франција. Неагу се повреди, на последниот меч во Група 2 против Унгарија. Романките беа поразени со 29:31, но и покрај поразот се пласираа во полу-финалето.
Како што информираат романските медиуми, станува збор за повреда на лигаментите во десното колено. Сепак, Неагу, како вистински предводник на репрезентацијата, нема да се враќа во Романија туку ќе остане со тимот во Франција.
Неагу, во досегашниот тек од првенството во Франција е најефикасна во својата репрезентација и со 44 постигнати гола.
Инаку, Романија во полу-финалето ќе игра против актуелниот олимписки првак Русија. Овој натпревар на програмата е утре од 17.30 часот. во второто полу-финале од 21.часот ќе играат Холандија и Франција.
foto: fra2018.ehf-euro.com