Лука Циндриќ, еден од најважните играчи во хрватската репрезентација, поради повреда, го заврши своето учество на Светското првенство во Египет.
Циндриќ беше неизвесен за натпреварот против Јапонија, но тој сепак беше во тимот, одигра 42 минути, постигна четири гола. Дуелот Хрватска Јапонија заврши без победник 29:29.
Прегледите по мечот со Јапонија, покажале дека повредата која Циндирќ ја влече подолго време се влошила.
Повредата на Циндриќ претставува сериозен удар за Хрватска, бидејќи селекторот Лино Червар на позицијата среден бек остана само со играчот на Нексе Јанко Кевиќ. Во отсуство на Игор Карачиќ, кој би требало да биде подготвен за вториот круг, целиот товар во организацијата на играта ќе падне врз капитенот Домагој Дувњак.
Хрватска, утре, во второто коло, од 18 часот ќе игра против Ангола.