Top Sport

Зеленортските острови немаат доволно играчи – Германија извојува службена победа

Дебитантот на големите натпреварувања, ракометната репрезентација на Зеленортските острови, службено го загубија натпреварот што требаа да го одиграат утре против Германија.

Зеленорстките острови немаат доволен број ракометари за да излезат на теренот против фаворитот. Според правилникот на ИХФ, за да може една репрезентацијата да одигра натпревар, во составот треба да има десет играчи и еден голман.

На последното тестирање, двајца играчи на Зеленортските острови биле позитивни на вирусот Ковид-19, поради што останаа со девет играчи и голман.

Оваа репрезентација имаше големи проблеми и пред доаѓањето во Египет. Тие беа во карантин во Португалија, а поради позитивните тестови на СП не допатуваа петмина играчи.

Германија дуелот го доби со службен резултат 10:0.

Scroll to Top