Француската ракометна федерација свика прес-конференција, а локалните медиуми објавија дека ќе биде објавено дека Гијом Жил, селекторот на машката репрезентација, е сменет. На неодамнешното Европско првенство, Франција не стигна до полуфиналето, и се чини дека тренерот поради тој неуспех ќе добие отказ.
Жил ја предводи Франција од 2020 година, а во тој период има олимписко (2021) и европско (2024) злато, како и сребро и бронза од претходните две Светски првенства. Тој е еден од тројцата ракометари во историјата кои имаат олимписко злато и како играч и како тренер.
Медиумите во Полска наведуваат дека новиот француски селектор ќе биде Талант Душебаев, актуелниот тренер на Кјелце и еден од најголемите ракометари во историјата.
Душебаев би продолжил со својата работа во полскиот гигант и во исто време би ја предводел француската репрезентација.
Доколку ова се случи, Душебаев, трет пат во кариерата бо станал селектор, претходно ги предводеше Унгарија и Полска.
Во својата клупска тренерска кариера освои бројни трофеи, вклучувајќи четири Лиги на шампиони.
