Црногорскиот ракометен стратег, Зоран Кастратовиќ е нов тренер на ракометниот клуб Слобода од Тузла.
Оваа екипа го освои купот на БиХ, а минатата сезона ја заврши на третата позиција на табелата.
Кастратовиќ во татквината беше тренер на Беране, и со овој клуб освои се што можеше да се освои во Црна Гора.
Во Македонија беше предводник на скопските тимови Пролет, Металург и Вардар, а со „црвено-црните“ ја освои СЕХА лигата и играше во Лигата на шампиони.
Работеше како тренер и во катарски Ел Џаиш и ја освои азијската Лига на шампиони.
Селекторската функција ја извршуваше во машкиот состав на Црна Гора и во женската ракометна репрезентација на Македонија.