Top Sport

Рио Фердинанд: Брих ја ограби Србија

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, смета дека судијата Феликс Брих, не досудил пенал за Србија на синоќешниот натпревар против Швајцарија.

Спорната ситуација се случи во второто полувреме, неколку минути по израмнувачкиот гол на Швајцарија. Митровиќ, беше соборен од двајца противнички фудбалери (Шер и Лихштајнер), а германскиот судија досуди прекршок во напад.

„Судијата мораше да го консултира ВАР системот. Не разбирам што правеа луѓето што ја гледаа снимката, но треба да се срамат. Двајца го држеа Митрович, а еден од нив воопшто не гледаше каде е топката. Како е можно да биде досуден контра фаул. Таквата одлука е рамна на грабеж“, изјавил за британскиот сервис „Би-би-си“, Фердинанд.

foto: epa

Со неговото мислење се согласува и поранешниот аргентински репрезентативец, сега играч на Вест Хем јунајтед, Пабло Забалета, кој бил гостин во истата емисија.

„Не можам да поверувам дека не е досуден фаул. Судијата виде што се случи, тие го држеа Митровиќ“, рекол Забалета.

Поради оваа ситуација и уште неколку одлуки на Брих, како и поради начинот на кој Џака и Шакири ги прославија головите, Фудбалскиот сојуз на Србија вложи жалба до ФИФА.

Scroll to Top