Top Sport

Фудбалерите одлучија – и Калиниќ ќе го добие сребрениот медал

Хрватските репрезентативци одлучија „протераниот“ Никола Калиниќ да го добие сребрениот медал од Светското првенство во Русија и покрај тоа што тој беше избркан од составот по само еден натпревар.

Селекторот Златко Далиќ реши да го отстрани Калиниќ од тимот откако тој одби да влезе во игра во последните минути од првиот меч на Мундијалот за „коцкестите“ против Нигерија, бидејќи ја нарушува атмосферата во тимот.

По поразот во финалето, Далиќ изјави дека соиграчите на фудбалерот на Милан, Калиниќ ќе решат дали тој ќе добие медал, а сега портпаролот на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) потврди дека тоа ќе се случи.

„Би кажал дека протеран е малку пресилен збор. Калиниќ беше остранет од тимот по одлука на селекторот и на крајот тоа се покажа како исправен избор. Околу медалот, Никола Калиниќ по одлуката на фудбалерите и на стручниот тим ќе го добие својот медал“, изјави портпаролот на ХНС, Томислав Пацак.

Scroll to Top