Top Sport

Мурињо го предизвика Погба: Сега да го покаже истото за Јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо го пофали Пол Погба за лидерската позиција во француската репрезентација на Светското првенство во Русија, предизвикувајќи го сега да го предводи Јунајтед до титулата од Премиер лигата.

Погба беше еден од клучните фудбалери на Дидие Дешам на патот до титулата, постигнувајќи го третиот гол во 4:2 победата над Хрватска, по што се појави видео од неговиот страствен говор на полувремето до своите соиграчи.

Мурињо вели дека 25-годишниот Погба бил „апсолутно брилијантен“.

„Да се освои светска титула може да биде само позитивно за него. Тешко е да се каже дека светска титула не е добра за кариерата на еден фудбалер. Тоа е неверојатно и фантастично. Многу фантастични фудбалери немале шанса како него. За иднината на Пол и француската репрезентација не треба да се стравува“, вели Мурињо во Лос Анџелес, каде што Јунајтед се на подготовки пред новата сезона.

Статусот на Погба на „Олд Трафорд“ беше неизвесен минатата сезона, откако Мурињо честопати го оставаше на клупата за резервни играчи, а неговиот агент Мино Рајола во јануари го понуди на продажба кај градските ривали Манчестер сити. Ова лето повторно се појавија шпекулации дека тој може да се врати во Јувентус, но Јунајтед остануваат на тоа дека Французинот останува „дома“.

Мурињо сега има нов предизвик – да ја покаже истата страст за дресот на „ѓаволите“.

„Се надевам дека сфати зошто беше толку добар за Франција. Тоа е поентата – тој да биде на високо ниво и да придонесува за победнички тим. Во финалето беше апсолутно брилијантен“, додава Мурињо.

Погба: Сакам мажи, воини! Меси, не Меси! Ќе ги „убиеме“ денес (Видео)

Scroll to Top