Top Sport

Ниту победата над Шведска не им гарантира пласман во осмина-финалето

Германија синоќа ја совлада Шведска со 2:1, со голот на Тони Крос во 95.минута и ги задржа шансите за пласман во осмина-финалето. Доколку не победеа, актуелните шампиони, ќе беа пред елиминација, иако тоа може да им се случи и доколку во последното коло ја победат Јужна Кореја.

Расплетот во Ф-групата може да донесе епилог досега незабележан на светските првенства, односно од групата да испадне селекција која ќе освои шест бода.

Ваков расплет е можен доколку во последното коло Германија ја победи Јужна Кореја, а Шведска слави во дуелот со Мексико.

foto: epa

Тогаш три репрезентации би завршиле со по шест освоени бода (Германија, Шведска, Мексико) и во тој случај ќе решава гол разлика, а потоа и бројот на постигнати голови.

Доколку во таа скратена табела има две или три екипи со ист број на бодови, идентична гол разлика и ист број на постигнати голови, тогаш ќе решава бројот на добиени жолти и црвени картони.

Доколку и тука бидат израмнети, што е мелку веројатно, тогаш ќе решава ждрепката.

За илустрација, доколку Германија и Шведска во последната рунда ги победат своите противници со по 1:0, тогаш три репрезентации би имале по шест бода и гол разлика 3:2. Во ваков случај би решавал бројот на бодови во меѓусебните дуели. Во таков круг секоја репрезентација би имала по три бода, а во осмина-финалето би се пласирале Германија и Шведска поради поголемиот број на постигнати голови во меѓусебните дуели.

Доколку Шведска победи со 2:1, а Германија со 1:0, тогаш покрај Шведска во наредната фаза би оделе Мексиканците.

Некој секако мора да испадна, а доколку сите по три кола имаат шест бода, тогаш тоа ќе биде прв случај на светските првенства, групата да не ја помине селекција со шест освоени бода.

Scroll to Top