Top Sport

Роналдо е најдобриот европски голгетер на сите времиња!

Кристијано Роналдо царува! Португалскиот голгетер сега официјално има постигнато 85 интернационални голови со што го помина Ференц Пушкаш како најдобар европски голгетер во историјата.

Фантастичниот гол со глава за „отварање“ на Мароко значеше дека по Јапонецот Кунишиге Камамото (80), Роналдо го мина и Пушкаш (84), со што пред него останува само уште Иранецот Али Даеи (109).

НАЈДОБРИ ЕВРОПСКИ ГОЛГЕТЕРИ

1.Кристијано Роналдо (Португалија), 85 гола во 152 меча

2.Ференц Пушкаш (Унгарија и Шпанија), 84 гола во 89 меча

3.Сандор Кочиш (Унгарија), 75 гола во 68 меча

4.Мирослав Клозе (Германија), 71 гола во 137 меча

5.Герд Милер (Западна Германија), 68 гола во 62 меча

6.Роби Кин (Република Ирска), 68 гола во 146 меча

7.Имре Шлосер (Унгарија), 59 гола во 68 меча

8.Давид Вилја (Шпанија), 59 гола во 98 меча

9.Јан Колер (Чешка), 55 гола во 91 меча

10.Роберт Левандовски (Полска), 55 во 95 меча.

Scroll to Top