Top Sport

Македонските тимови ги добија потенцијалните ривали за втората рунда

Трите македонски претставници во Лига Европа (Вардар, Работнички и Шкупи) ги дознаа имињата на потенцијалните противници во второто квалификациско коло. Секако македонските тимови најпрвин ќе мора да ја минат првата квалификациска рунда.

Работнички и Шкупи немаа многу среќа со ждрепката за првото коло, за разлика од нив Вардар доби противник по мерка.

Доколу црвени-црните, во дво-мечот од првото коло го минат ерменскиот претставник Пјуник, во втората рунда ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Самтредиа (Грузија) и Тобол (Казахстан).

Шкупи доби тешка задача во првото коло, во името на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс. Доколку Шкупи успее да ја мине првата фаза, во втората ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу Петрокуб (Романија) и Осиек (Хрватска).

Работнички во првото коло ќе игра против унгарски Хонвед, а потенцијален противник на „романтичарите“ во втората рунда ќе им биде Нидеркорн (Шведска) или Габала (Азербејџан).

Натпреварите од првото коло, во кое според ждрепката, сите македонски тимови ќе гостуваат се играат на 12. и 19.јули, а дуелите од второто коло се закажани за 26.јули односно 2.август.

Шкупи ги доби Ренџерс, Работнички оди на Хонвед, Вардар против Пјуник

Scroll to Top