Top Sport

Верон: Што ли му се случи на Меси?

Поранешната аргентинска фудбалска ѕвезда, Хуан Себастијан Верон вели дека е зачуден од формата на Лионел Меси на Мундијалот во Русија, барајќи неговите соиграчи да му помогнат на својот поранешен соиграч.

По ремито со Исланд и убедливиот пораз од Хрватска, тимот на Хорхе Сампаоли мора да ја победи Нигерија во последниот меч по групи, и да се надева дека Исланд нема да ја победи Хрватска за пласман понатаму.

Верон, кој се повлече од фудбалот во 2017 на 41 година, вели дека се надева дека формата на Меси ќе се подобри.

„Се надевам дека ќе одат во втората рунда, но ситуацијата не е лесна. Што му се случи на Меси? Само тој знае. Се надевам дека ќе успее да го извлечка тимот во осминафинале. Но, еден играч не може да ја реши судбината на цел тим“, вели Верон, кој сега е претседател на фудбалскиот клуб Естудијантес.

Верон играше покрај Меси на СП во 2010 година, исто така е лут на селекторот Сампаоли што не го понесе во Русија, Мауро Икарди, капитенот на Интер, кој постигна 29 гола во Серија А минатата сезона.

„Однадвор е тешко да се прават проценки, но навистина е тешко да се каже зошто некој што постигнува толку многу голови, а не е од старата генерација не е во тимот“, вели Верон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top