Менaџерот на Ливерпул, Арне Слот, ја изрази својата фрустрација по првиот пораз на тимот во Премиер лигата оваа сезона, истакнувајќи ја слабата игра при одбрана на статични позиции.
Ливерпул загуби со 2-1 на „Селхерст Парк“ од Кристал Палас, откако Исмаила Сар и Еди Нкетија го искористија корнерот и долгото додавање за победа, прекинувајќи го перфектниот старт на тимот.
И покрај одличниот настап на голманот Алисон Бекер, одбраната на Ливерпул имаше проблеми низ целиот натпревар. Слот посочи дека слабостите при статични ситуации веќе не се случајни.
„Минатата сезона тоа беше едно од нашите најсилни оружја, а сега примивме по два гола против Њукасл и Кристал Палас. Во оваа лига статичните позиции стануваат сѐ поважни, и ако сакаш да се бориш на врвот, мораш да имаш позитивен биланс во нив.“
Тој исто така истакна дека погодокот на Еди Нкетија во судиското продолжение е тежок за прифаќање, но фер поради дополнителното време.
„Секогаш е болно да примиш гол во завршницата, но имаше и замена, па половина минута дополнително беше оправдана. Мора подобро да се браниме при долгите додавања и да извлечеме поука од вакви натпревари.“