Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, приоритет го постави во летниот преоден рок да го доведе стоперот на Реал Сосиедад, Робин Ле Норман.
Ле Норман имаше одлична сезона во Сан Себастијан и не е изненадување што постои интерес за него.
Во Атлетико би можел да го замени Стефан Савиќ, кој по девет години ќе го напушти Мадрид, најверојатно во Бешикташ.
Во неговиот договор со Сосиедад има откупна клаузула од 50.000.000 евра, која челниците на Атлетико се обидуваат да ја намалат, за да ги исполнат желбите на својот тренер.
Ле Норман ќе биде дел од шпанската репрезентација на претстојното Европско првенство, па веројатно ќе се знае повеќе за потенцијалниот трансфер во Атлетико по шампионатот во Германија.