Top Sport

(ВИДЕО) „Милионерите“ го победија Аугсбург и се на чекор до шампионски трофеј во Германија

Борусија Дортмунд не ја пропушти најновата шанса што ја доби од Баерн Минхен за да се искачи на врвот на табелата во Бундеслигата. „Милионерите“ остварија сигурна победа од 0:3 на гости кај Аугсбург и ја презедоа лидерската позиција со 70 бода, два повеќе од Баерн Минхен, во пресрет на последното коло кога дома го пречекуваат Мајнц.

Себастијан Але беше двоен стрелец на овој меч, а триумфот го завери Џулијан Брант со погодокот во судиското продолжение од дуелот.

Аугсбург од 38.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Феликс Удуокаи.

Scroll to Top