Top Sport

(Видео) Ракитиќ потврди дека ја завршува кариерата, објави емотивно видео

Триесет и седум годишниот Иван Ракитиќ, еден од најдобрите хрватски фудбалери во последните две децении, преку видеопорака објавена денес на социјалните мрежи потврди дека ја завршува фудбалската кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Rakitic (@ivanrakitic)

Со објавата тој ги потврди шпекулациите од пред десетина дена кога не беше на почетокот на подготовките на сплитски Хајдук.

Ракитиќ ја завршува кариерата со 106 настапи и 15 погодоци во дресот на Хрватска, 323 натпревари за Севиља, 310 за Барселона и повеќе од 100 за Шалке .

Роден е во Швајцарија, а кариерата ја започнал во Базел. Патот потоа го одвел во Шалке, Севиља, Барселона, повторно Севиља, Ал Шабаб и на крај Пољуда.

Хрватските медиуми објавуваат дека Ракитиќ, кој освоил 17 клупски трофеи, ќе остане во фудбалот бидејќи ќе биде дел од стручниот штаб на Горан Вучевиќ, спортскиот директор на Хајдук.

Со  “коцкастите” во 2018. година стигна до сребрниот медал на Светското првенство во Русија, а од националниот тим се повлече во 2019. година.

Фото: ЕПА

 

Scroll to Top