Реал Мадрид е клуб со големи амбиции и секогаш размислува за нов нареден трансфер. Иако зимскиот трансфер прозорец е сè уште далеку, веќе почнаа шпекулациите за трансфери кои би можеле да се случат на „Бернабеу“ во наредниот преоден рок.
Шпанските медиуми објавија вистинска „бомба“ поврзана со ѕвездата на ПСЖ, Витиња.
Португалецот е многу заинтересиран да го замени Париз со Мадрид, односно да прејде од ПСЖ во Реал. Но, пречка за овој трансфер може да биде сумата што ПСЖ ја бара за услугите на 25-годишниот играч.
Од ПСЖ порачаа дека би го пуштиле Витиња, но не за сума помала од 100 милиони евра.
Витиња стана член на ПСЖ во 2022 година, кога дојде од редовите на Вулверхемптон. Минатата сезона Португалецот блескаше со феноменални настапи и го освои третото место на листата за добитник на годинашното издание на „Златната топка“.