Top Sport

Абринес ја заврши кариерата

Поранешниот капитен на кошаркарскиот тим на Барселона, Алек Абринес, објави дека се повлекува од професионалната кошарка.

Момчето од Мајорка, кое ќе наполни 32 години на 1 август, одлучи да ја заврши својата богата кариера по десет сезони во дресот на Барселона, поделени во две фази (2012-2016 и 2019-2025).

За време на престојот во редовите на каталонскиот гигант, Абринес одигра вкупно 660 натпревари и освои 15 трофеи – седум во текот на првиот и осум во текот на вториот мандат.

Иако имаше важечки договор до 30 јуни 2026 година, клубот и играчот постигнаа меѓусебен договор за прекин на соработката.

Во емотивно проштално писмо до навивачите на Барселона, Абринес ги објасни причините за повлекувањето.

„Дојде време да се збогуваме. По интензивна професионална кариера во која брзо поминав низ сите фази, дојде моментот да го живеам животот што го сакам, да го изберам својот пат. А тоа е да поминувам повеќе време со моето семејство и најблиските. Кошарката, а во овој случај Барселона, ми даде сè“, рече Абринес.

Тој особено ја нагласи атмосферата во Блауграна и им се заблагодари на лојалните навивачи:

Со пензионирањето на Абринес, Барселона се збогува со еден од своите препознатливи лидери во изминатата деценија, играч кој остави длабок белег не само со своите игри, туку и со својата посветеност на клубот и неговите вредности.

Во периодот кога не играше за Барселона, три сезони Абринес играше за Оклахома сити Тандер.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top