Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, повторно нема да добие некоја голема сума на пари за да може да обезбеди квалитетни засилувања.
Прва цел на Емери е Самуел Умтити од Барселона, чија цена на трансфер пазарот изнесува 70 милиони евра. Проблем за Емери е што од клубот, за засилувања во летниот преоден рок, ќе добие 80 милиони евра.
Ова значи дека шпанскиот тренер ќе треба да продаде и најмалку тројца фудбалери за да обезбеди пари за посакуваните засилувања.
Арсенал, во обидот да го донесе Умтити, жестока конкуренција ќе има во финансиски моќните Манчестер Јунајтед и Јувентус.