Top Sport

Арсенал против Челси без Обамејанг

Утрешната програма во Премиер лигата го носи лондонското дерби помеѓу Арсенал и Челси. Арсенал се пред императив на победа, против ривалот кој според сите показатели ќе се бори за титулата оваа сезона. „Топџиите“ се без победа во Премиер лигата од 1.ноември, а на последните четири натпреври на домашен терен освоија само еден бод.

Микел Артета, во мечот кој може и да ја одреди неговата судбина во Арсенал, ќе влезе без својот најдобар напаѓач, Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот се уште не закрепнал од повредата на мускулот.

Англичаните шпекулираат дека во нападот Арсенал ќе игра со Лаказет и Мартинели, односно Вилок како негова поддршка.

На спортивната страна Френк Лампард ќе биде без десниот бек Рис Џејмс, додека во нападот ќе избира помеѓу Тејми Ејбрахам и Оливие Жиру.

Scroll to Top