Најдобриот играч на Челси, Еден Азар, открил дека можеби и го нема се она што му е потребно за да ја освои „Златната топка“. Изминатата деценија престижната награда ја делат Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„Кога бев помлад мојот татко секогаш му говореше дека не сум доволно себичен. Секогаш ми го потенцираше тоа, моѓеби бил во право. Во денешниот фудбал, доколку сакате да освоите некоја голема награда какава што е „Златната топка“, мора да бидете себични. Јас не сум таков. Едноставно сум тоа што сум“, рекол Азар.
Белгиецот оваа сезона има учинок од 16 поени и 13 асистенции во сите натпреварувања. Тој вечерва со Челси ќе игра против Манчестер јунајтед во финалето на ФА купот.