ФИА најави дека трката за Големата награда на Емилија Ромања на патеката во Имола ќе се вози пред публика. Досега единствената трка оваа сезона на која имаше публика се возеше минатиот викенд во Русија.
Доколку епидемиолошката ситуација го дозволи тоа на трибините во Имола ќе можат да влезат 13.000 луѓе.
Трката во Имола, на патеката Енцо и Дино Ферари, ќе биде прва на оваа патека по пауза од 14 години.
Инаку билетите за викендот во Имола веќе се распродадени. Сепак под знак прашалник е враќањето на публиката на оваа трка бидејќи во Италија расте бројот на заразени со коронавирусот.
Трката за Големата награда на Емилио Ромања на програмата е на 1 ноември.