Тенисерот, Новак Ѓоковиќ, денеска објави дека нема да ја продолжи соработката со актуелниот тренер, Енди Мареј.
Енди Мареј беше стратег на Ѓоковиќ на Австралија опен, Индијан Велс и Мајами, а Шкотланѓанецот накратко се врати во споменатата ложа, на Мастерсот во Мадрид, каде Новак веднаш беше елиминиран.
„Ти благодарам тренер Енди за сета твоја напорна работа, забава и поддршка во изминатите шест месеци на теренот и надвор од него. Навистина уживав во продлабочувањето на нашето пријателство заедно“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ и Мареј соработуваа во последните шест месеци, а Србинот во меѓувреме падна на шестото место на АТП листата.
„Благодарност до Новак за неверојатната можност да работиме заедно и благодарност до неговиот тим за нивната напорна работа во последните шест месеци. Му посакувам се најдобро на Новак во остатокот од сезоната“, изјави Мареј, а пренесува Би-би-си.
Ѓоковиќ моментално е во Белград на подготовки за продолжението на сезоната.