Top Sport

Холандскиот репрезентативец Промес обвинет за обид за убиство

Холандскиот фудбалер на Спартак Москва, Квинси Промес ќе биде обвинет за обид за убиство и физички напад, тврдат холандските медиуми, откако го избоде својот братучед пред една година.

29-годишниот Промес, кој има 50 настапи за холандската репрезентација, на семејна забава во јули 2020 наводно со нож го прободел братучедот во коленото, тврди холандскиот весник „Де Телеграф“, кој посочува дека тој беше уапсен минатиот декември. Ако биде осуден тој може да добие помеѓу 2 и 4 години затвор.

„Промес е целосно фокусиран на мечевите на клубот. Неговите адвокати го решаваат случајот, а Спартак нема да коментира официјално“, се вели во објавата на рускиот клуб.

Според холандските медиуми, ако Промес биде осуден, Спартак може легално да ги стопира испалатите на поранешниот клуб Ајакс, од каде прејде во Русија во февруари. Покрај ова, селекторот Луис ван Гал потврди дека нема да го повикува Промес во репрезентацијата додека не заврши случајот.

Промес играше за „лалињата“ на ЕУРО, а сега му се заканува казна затвор

Промес уапсен, избодел член на семејството?

Scroll to Top