Милан и Интер одиграа без голови во 190.пресметка „Дела Мадонина“. Натпреварот се одигра во рамките на 27.коло во Серија А. Ова коло, беше одложено поради ненадејната смрт на капитенот на Фиорентина Давиде Астори.
Градските ривали одиграа солиден натпревар, недостигаа само голови, а најголем виновник што мрежите мируваа е најдобриот играч на Интер Мауро Икарди.
Аргентинецот не успеа да реализира две неверојатни шанси, првата во 57.минута, а втората во 92.минута.
Претходно, Икарди постигна гол во 38.минута, но ВАР системот беше на страната на Милан. Снимката покажа дека Икарди бил во офсајд.
Најзрелата шанса Милан не ја реализира преку Леонардо Бонучи. По центаршутот на Чалханоглу, Бонучи уптаи удар со глава, но Хандановиќ одбрани.
По дербито, Интер остана на четвртото место на табелата со 59 бода, осум повеќе од Милан кој остана на шестото место.