Катар домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година, во понеделникот, најави дека ќе поднесе кандидатура за организација на Летните олимписки игри кои ќе се одржат во 2023 година.
Олимпискиот комитет на оваа арапска држава соопшти дека до Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) поднел барање за „континуиран дијалог“ околу домаќинството на Игрите.
До сега желба за организација на ЛИО во 2032 година изразиле Индија, австралиската сојузна држава Квинсленд и кинескиот град Шангај. Медиумите шпекулираат дека во конкуренција ќе влезе и заедничката кандидатура на Северна и јужна Кореја.
Катар досега имаше две неуспешни кандидатури, за домаќин на ОИ во Рио де Жанеиро во 2016 и во Токио 2020 година.