Top Sport

Лидс на Алиоски го дели победа од пласман во Премиерлигата

Фудбалерите на лидс Јунајтед ги дели една победа од пласманот во Премиерлигата. Лидс попладнево славе минимална победа (1:0) на гостувањето во Свонси. Македонскиот репрезентативец Алиоски го одигра вториот дел, на полувреме тој го замени Далас.

Лидс беа подобар противник на „Либерти“ стадионот, но одбраната на домашниот тим ја скрши во претпоследната минута. Лук Ејлинг нафрли пред голот на Свонси каде најдобро се снајде Пабло Ернандес.

Лидес се наоѓа на првото место во Чемпионшип со 84 бода, три повеќе од ВБА и шест од Брентфорд. За пласман во Премиерлигата на Лидс му се потребни три бода во последните три кола.

Scroll to Top