Top Sport

Марсеј го потврди трансферот на Малиновски

Украинскиот фудбалски репрезентативец Руслан Малиновски (29) и официјално е нов член на Марсеј, објави францускиот клуб. Малиновски доаѓа на „Велодром“, на шест месечна позајмица од Аталанта. Марсеј по завршувањето на сезоната ќе има обврска да го откупи неговиот договор.

Марсеј конечно усеа да го донесе Малиновски. Украинецот и минатото лето се поврзуваше со францускиот клуб, но тогаш клубовите не успеаја да се договорат.

Марсеј не соопшти по кои услови Малиновски пристигна во клубот. Италијанските и француските медиуми, пишуваат дека за позајмицата Марсеј ќе издвои 3.000.000 евра, потоа уште 10.000.000 евра за да го откупи договорот.

„Руслан Малиновски има неверојатна лева нога. Тој е многу интелигентен играч и веруваме дека ќе го искористи своето искуство и знаење за брзо да се интегрира во тимот на Игор Тудор“ објави Марсеј.

За три и пол сезони во Аталанта, Малиновски одигра 143 натпревари, постигна 30 гола и забележа 24 асистенции. Играше и за Генк, Шахтјор, Севастопол и Зорја Луганск. За украинската репрезентација има постигнато седум гола во 51 одигран натпревар.

Scroll to Top