Мартинез Муниера ќе биде главен судија на утрешното дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид. 38-годишникот прв пат во кариерата ќе го суди најголемото шпанско дерби.
Мунуера во кариерата, 24 пати им судел на Реал, а 21 пат ја делел правдата на натпреварите на Барселона. Двата тима кога им судел овој судија забележале по 15 победи.
Кога им судел Муниера играчите на Реал забележале уште и четири порази, а осум пати играле нерешено. Барселона пак кога галвен на теренот е Муниера има и по три порази и нерешени натпревари.
Интересно, на натпреварите што им ги судел, Муниера досудил по пет пенали за Реал и Барселона.
Ел Калсико на „Ноу Камп“ утре ќе започне во 16 часот.