Top Sport

Пронајдено телото на Бланка Фернандез Очоа

Првата освојувачка на медал за Шпанија на Зимски олимписки игри, Бланка Фернандез Очова, била пронајдена мртва, објавија шпанските медиуми. Поранешната скијачка исчезнала на 23 август во едно од предградијата на Мадрид. Домот го напуштила со својот автомобил „Мерцедес“, а во меѓувреме не го користела мобилниот телефон ниту кредитните картички.

Полицијата најпрвин го пронашла нејзиното возило во едно предградие на шпанската престолнина, а потоа во планинскиот предел кај Мадрид било пронајдено и телото на Фернандез Очоа.

Полицијата го истражува случајот и причината за смртта на легендарната шпанска скијачка.

Фернандез Очоа учествуваше на четири Олимпијади од 1980 до 1992 година, а освои бронза во слалом на ОИ во Албервил, Франција во 1992 година. Нејзиниот брат Франциско Фернандез Очоа стана првиот Шпанец со злато на Зимските Олимпијади во Сапоро во 1972 година.

Scroll to Top