Top Sport

Шкендија против Мура во Лигата на шампионите

Шампионот на Макеоднија, Шкендија, го дозна името на противникот во првото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

Шкендија, во првата рунда ќе игра против шампионот на Словенија, Мура. Македонскиот шампион ќе биде домаќин на 6 или 7.јули, а реваншот во Словенија ќе се одигра една недела подоцна.

Хрватскиот шампион, Динамо Загреб, во првата рунда ќе игра против шампионот на Исланд Валур.

Екипуте кои ќе бидат поразени во првото коло, ќе продолжат да се натпреваруваат во второто квалификациско коло во новоформираната Конференциска лига.

Инаку, ждрепката за второто квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се одржи утре.

Фото/facebook.com/fcshkendija

Scroll to Top