Фудбалскиот клуб Спартак од Москва спогодбено се раздели до тренерот Руи Виторија. Португалецот заминува од Москва поради лошите резултати во руската Премиер лига.
Спартак, во новата сезона, влезе со големи амбиции во шампионатот, меѓутоа по 18 одиграни натпревари, најтрофејниот руски клуб се наоѓа на деветтото место со само 15 освоени поени.
За разлика од домашниот шампионат, Спартак играше добро во Лига Европа. Во конкуренција на Наполи, Лестер и Легија Варшава, Спартак го освои првото мести и се избори за директен пласман во осмина-финалето.
Клубот дополнително ќе го објави името на новиот тренер.