Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан го критикуваше главниот ривал на неговиот син, Роџер Федерер, оценувајќи го како „мал човек“ и покрај неговите рекордни 20 гренд слем титули.
На гостувањето на српската телевизија „Хепи“, Срѓан Ѓоковиќ беше во друштво со легендарниот хрватски тренер Никола Пилиќ, еден од менторите на Новак и таткото на тенисерот се потсети на инцидентот од Дејвис купот пред 12 години.
Тогаш Ѓоковиќ играл против Вавринка, а во петтиот сет побара медицински тајмаут, по што Федерер по крајот на мечот го обвини српскиот тенисер дека е измамник: „Не верувам во неговите повреди“.
Таткото Ѓоковиќ уште се сеќава на тоа.
„И тогаш кажав дека Федерер е голем тенсиер, но мал човек. Мислењето не ми е сменето. Во последно време го подобри односот и ги увиде своите грешки. Дури и му стана тренер на Новак на Лејвер купот“, вели Срѓан Ѓоковиќ.