Top Sport

УЕФА ќе ги суспендира натпреварите во ЛШ и ЛЕ?

Челниците на УЕФА ја разгледувале можноста да ги суспендираат натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа, објави радио Каталонија. Според овој извор одлуката може да биде донесена на 19 март кога ќе биде комплетирана осмина-финалната фаза во двете натпреварувања.

Поради епидемијата на коронавирусот во Италија нема да има фудбал до 3 април, а слична одлука се подготвува да донесе и УЕФА. Веќе е познато дека неколку натпревари од осмина-финалето ќе се играат без присутво на публика.

Лига на шампиони:

Осмина-финалните реванши на програмата се денес и утре, односно на 17 и 18 март.

Денес:

Лајпциг-Тотенхем (1:0)
Валенсија-Аталанта (1:4), дуелот ќе се игра без публика

Утре:

ПСЖ-Борусија Дортмунд (1:2), дуелот ќе се игра без публика
Ливерпул-Атлетико Мадрид (0:1)

17 март:

Јувентус-Лион (0:1), не е познато каде ќе се игра натпреварот
Манчестер сити-Реал Мадрид (2:1)

18 март:

Барселона-Наполи (1:1), дуелот ќе се игра без публика
Баерн-Челси (3:0)

Во Лига Европа овој и наредниот четврток ќе се играат осмина-финалните натпревари. Еден натпревар е одложен, Ајнтрахт Франкфурт-Базел, а според досегаѓните информации пред празни трибини ќе се играат натпреварите:

Севилја-Рома
Интер-Хетафе
Олимпијакос-Вулверхемптон
Копенхаген-Басахшехир

Scroll to Top