Маскотите на натпреварите во НБА заработуваат сериозни пари, пишува американскиот сајт „The Grueling Truth“.
Просечната плата на луѓето кои ја забавуваат публиката со своите акробации во американскиот професионален спорт, на годишно ниво изнесува 65.000 долари.
Сепак, платите на маскотите во НБА можат да бидат значително повисоки, а се издвојува маскотата на Денвер, Роки, планинскиот лав.
Маскотата на Нагетс заработува дури 625.000 долари годишно, додека веднаш зад него е е Хари Хок од Атланта, со заработка од 600.000 долари.
Бикот Бени од Чикаго заработува 400.000 долари, Горилата од Феникс 200.000 долари, а Хуго Хорнет од Шарлот 100.000 долари.
Кога станува збор за американскиот професионален спорт, може да им парира само маскотата на Бостон Ред Сокс (бејзбол), со годишна плата од 250.000 долари.