Италијанката Аријана Фонтана стигна до драматично злато на 500 метри брзо лизгање на кратки патеки откако домашната фаворитка Чои Мин-Џеонг беше дисквалификувана откако заврши како втора.
Фонтана ја победи Јужнокорејката во драматичен финиш (за само 22 сантиметри), но Чои беше дисквалификувана, по што Холанѓанката Јара ван Керкхоф освои бронза, а Канаѓанката Ким Бутин беше бронзена.
22 centimetri… ?
L’Oro di Arianna Fontana è arrivato proprio al photofinish… ????????#HomeOfTheOlympics #PyeongChang2018 #ItaliaTeam #FuocosulGhiaccio?❄ pic.twitter.com/5chiSknz2t
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) February 13, 2018
На „големото“ лизгање, Холандија стигна до ново злато откако Кјелд Нуис го совлада сонародникот Патрик Рест за 0.85 секунди за победа на 1.500 метри. Светскиот шампион Нуис беше најголем фаворит за титулата. Бронзата отиде кај домашниот лизгач, 18-годишниот Ким Мин-Сеок.
Холанѓаните сега имаат четири злата во четири дисциплини досега и во моментов се носители на сите олимписки титули во брзо лизгање.