Формула 1 фанатиците едвај чекаат да престане долгата зима без брзина, почнувајќи со зимското тестирање на патеката „Каталуња“ покрај Барселона.

Откако претходно Мерцедес го тестираа својот нов мотор за 2018 година, сега и Ферари во своето седиште во Маранело го „запалија“ моторот кој ќе биде презентиран на 22 февруари пред стартот на тестирањето на 26 февруари.

По борбата за титулата со Мерцедес и второто место минатата година, италијанскиот тим се надева дека ќе ја врати славата оваа сезона и ќе ја освои првата титула од 1997 година. Болидот за 2018, кој уште нема официјално име, повторно ќе биде во рацете на поранешните шампиони Себастијан Фетел и Кими Раиконен.ж