Top Sport

Вињалес најбрз, шампионот Маркез не е многу задоволен

Маверик Вињалес го совлада колегата од Јамаха, Валентино Роси за да биде најбрз на вториот ден од тестирањето во Сепанг, Малезија.

Вињалес, кој беше само 13. во првиот ден кога се концентрираше на симулации на трки, во последните минути од понеделничкиот тест постави најдобар круг од 1:59.355, поминувајќи го Роси за само 0.035 секунди.

Трето најдобро време имаше Британецот Кал Крачлоу од ЛЦР Хонда, пред Хорхе Лоренцо (Дукати), Џек Милер (Прамак Дукати), Јохан Зарко (Тех 3 Јамаха) и незадоволниот светски шампион Марк Маркез на Хонда. Топ 10 ги комплетираа Довициозо (Дукати), Петручи (Прамак Дукати) и Андреа Јаноне (Сузуки).

Шампионот Маркез призна дека не можел да одржи постојана брзина со новата шасија на Хонда иако имал подобрена работа на сопирачките.

„Главната цел беше да се подобрат работите и да се има поголема потисна сила, бидејќи така имаш поголема брзина. Стабилноста на сопирачките е подобрена, но на брзите кривини влегуваш премногу цврсто. Искрено се плашам за ваков развој на настаните, но затоа тестираме за да ги надминеме проблемите“, изјави Маркез.

Scroll to Top