Top Sport

Адебајор го мрази „лажниот“ Венгер, а го сака Мурињо

Со Емануел Адебајор никогаш не е досадно. Дали се работи за семејните драми, за убавите гестови (посвојувањето на синот на неговиот починат брат) или за коментарите за поранешните соиграчи (Томаш Росицки кој се повредувал кога ќе сте му кажеле здраво).

Сега, поранешниот напаѓач на „топчиите“ јавно проовори за „омразата“ кон Арсенал која доаѓа поради „лажниот“ Арсен Венгер, но во исто време и љубовта кон Жозе Мурињо, под кого играше во Реал Мадрид.

Адебајор, кој сега игра во Башакшехир во Турција, зборува отворено и за контроверзниот трансфер од Арсенал во Манчестер сити во 2009 година.

„Мурињо е еден од менаџерите кои секогаш ќе ги сакам. Тој е еден од најискрените луѓе кои сум ги сретнал во кариерата, што е чудно бидејќи обично менаџерите се лажни. На пример, имав состанок со Арсен Венгер во неговата канцеларија и тој ми кажа дека морам да заминам бидејќи не ја гледа мојата иднина во Арсенал. Јас сакав да останам, но тој јасно ми кажа дека ако останам нема да играм. И затоа отидов во Манчестер сити. Следниот ден тој на прес-конференција зборуваше за тоа како сакав да заминам поради парите. Оттука дојде омразата за Арсенал. Дури и сега кога ги гледам сакам да победат, но од друга страна сакам и да загубат бидејќи бесот во мене е преголем“, вели Адебајор.

Адебајор го посвои синот на својот брат

Адебајор: Росицки ќе кажеше „како си“ и ќе се повредеше!

Адебајор: Поради фамилијата сакав да самоубијам

Scroll to Top