Top Sport

Чави: Роналдо подобар од Нејмар? Нема шанси!

Кристијано Роналдо со два гола ги предводеше Реал Мадрид до 3:1 победа над Пари Сен-Жермен, но тоа воопшто не го импресионира легендарниот фудбалер на Барса, Чави.

Со овој резултат се фрли во сенка добрата игра на ПСЖ и на Бразилецот Нејмар, а успехот на Роналдо беше поимпресивен бидејќи тоа му беа 100. и 101. гол во Лигата на шампиони. Чави не се согласува дека Роналдо бил поимпресивен од Нејмар.

„Велеа дека Кристијано уште е подобар од Нејмар. Не, не, тоа не е фер. Што направи Роналдо во мечот? Постигна гол од пенал и гол со колено! Што е со опасните ситуации кои ги направи Нејмар? Сите контра-напади на Париз?“, вели Чави во интервју со „Со фут“.

Чави е изненаден што Реал успеаја да победат.

„Не играа, а победија. Го гледав преносот на шпанската ТВ со поранешниот тренер на Мадрид, Хорхе Валдано и тој кажа нешто добро. Имаше неколку различни фази на натпреварот, а на почетокот ПСЖ доминираа. Дали Мадрид беа супериорни? Не, ама не им е грижа. Филозофијата е да се победи. Затоа е многу тешко да се игра на ’Сантијаго Бернабеу’. ПСЖ играа како Барса“, додава Чави.

Роналдо ги сруши „принцовите“ во Мадрид, Сане и Ливерпул го казнија Порто (видео)

Scroll to Top