Top Sport

Емери: Дајте ни го истиот судија и во Париз!

Тренерот на Пари Сен-Жермен уште е лут на италијанскиот судија Џанлука Роки при поразот од 3:1 од Реал Мадрид на „Бернабеу“, велејќи дека го посакува истиот тренер и во реваншот следната недела.

Баскискиот тренер на прес-конференција пред мечот со Стразбур во саботата го продолжи нападот кон Роки, кому му се налути за офсајдот пред пеналот за Реал.

„Тимот одигра добар натпревар, но фудбалот понекогаш е таков, не победува подобриот тим. Сигурен сум дека можеме да одиме понатаму, но доминиравме во Мадрид, но тоа не го претворивме во голови. Фудбалерите можат да се лути, но да ги почитуваат колегите. Има уште еден натпревар и јас ја преземам одговорноста. Сепак, би го сакал истиот судија и во реваншот, со истиот критериум. Го гледав мечот Лион-Вилјареал и таму имаше балансирано судење. Го сакам истиот судија со истата предност за домашниот тим“, вели Емери.

Емери исто така откри зошто го повлекол Кавани во игра, а зошто Тијаго Силва беше на клупата против Реал.

„Нејмар покажа добри работи на тој меч и може да биде подобар. Зошто Кавани излезе? Поради тактиката. Истиот случај е и со Тијаго, и нема промени. Тој останува капитен и важен играч за нас, но се обидовме да направиме нешто поинаку“, вели Емери.

ПСЖ: Судијата му помогна на Реал

Scroll to Top