Грчката влада реши на неодредено време да го прекине фудбалскиот шампионат по скандалот што се случи синоќа на натпреварот ПАОК-АЕК во Солун.
Грчката Супер лига е прекината бидеќи синоќа претседателот на ПАОК, Иван Савидис, со пиштол влета на теренот во обид да се пресмета со судијата, кој претходно поради офсајд му поништи гол на ПАОК.
Одлуката првенството да биде прекинато била донесена по состанокот на премиерот Алесис Ципрас и министерот за спорт Јоргос Василијадис.
„Решивме да го прекинеме првенството…Нема да почне повторно се додека не биде создадена рамка со јасни правила и услови“, изјавил за Ројтер министерот Василијадис.
Како што е соопштено грчкиот Сојуз и владата биле во постојан контакт со УЕФА и во овој момент не било загрозено правилото за мешање на политиката во спортот.
Втор пат во две години е донесена одлука шампионатото да биде прекинат.
Поради случувањата на стадионот „Тумба“ во Солун обвинителството побара апсење на претседателот на на ПАОК, Савидис и уште четири други лица за кои се претпоставува дека се дел од неговото лично обезбедување.