Top Sport

Хамес Родригез ја оставил сопругата поради порно актерка

Хамес Родригез е во центарот на вниманието на таблоидите, не поради своите добри игри во дерсот на Баерн, каде настапува како позајмен играч од мадридски Реал, туку поради разводот со сопругата Даниела Оспина и неговата нова девојка.

Хамес, најдобриот стрелец на Светското првенство во Бразил во 2014 година, шест години беше во брак со сестрата на репрезентативниот колега, голманот на Арсенал Давид Оспина.

Тоа што ја напуштил сопругата не е она што ги привлече таблоидите, туку новата избраничка на колумбискиот фудбалер. Станува збор за порно ѕвездата која работи под уметничкото име Кендра Ласт.

Нејзиното вистинско име е Мишел Ен Мејсон.

И не само тоа таа е 13 години постара од Хамес Родригез.

Она што е оваа приказна ја прави уште поинтересна е дека и порно ѕвездата е во брак, но очигледно тоа не им пречи на двајцата.

Scroll to Top