Ѕвездата на ПСЖ и на бразилската репрезентација, Нејмар со малку неприкладна фотографија реши да се прости од британскиот научник Стивен Хокинг.
Најскапиот играч на светот моментално е дома во Бразил по операцијата на скршеното стапало во февруари, и е во „трка“ да биде подготвен за Мундијалот. Првиот дел од опоравувањето тој ја поминува во количка, во која Хокинг беше „заглавен“ 55 години – од дијагнозата за неуронската болест во 1963 година.
Нејмар наместо да се фокусира на остварувањата на Хокинг, реши да се „позанимава“ со неговата количка.
„Морате да имате позитивен приод и да го извлечете најдоброто од ситуацијата во која се наоѓате – Стивен Хокинг“, го цитираше Нејмар научникот со фотографија на која фудбалерот се смее во количка. Бизарно.
Você tem que ter uma atitude positiva e tirar o melhor da situação na qual se encontra.
Stephen Hawking pic.twitter.com/JE2MtyuT6b
— Neymar Jr (@neymarjr) March 14, 2018